ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА МОЖЕ ДА ГО РАЗБОЛИ ТЕЛОТО

Тироидната жлезда е една од најважните ендокрини жлезди во телото. Го лачи хормонот тироксин, неопходен за раст и развој на човекот. Зголеменото или намаленото лачење може да предизвика проблеми во организмот.Неправилното функционирање е доста честа појава.

Знаците дека тироидната жлезда не работи правилно.

Кога е хиперактивна, многу брзо се слабее. Без разлика колку јадете, метаболизмот се забрзува.

Неактивната ја зголемува надуеноста и го успорува метаболизмот, предизвикувајќи брзо дебелење.

Мускулната болка е чест симптом на секое хормонално нарушување.

Неправилното функционирање на оваа жлезда предизвикува опаѓање на косата. Тоа може да биде многу депресивно, особено за жените.

Забрзаната или забавената работа на тироидната жлезда може да го наруши менструалниот циклус.                Хипотироидизмот доведува до прекумерно менструално крвавење, а хипертироидизмот предизвикува помало крвавење, дури и да не се случи менструацијата.

Ако не функционира нормално, може да почувствувате оток на на вратот.

Неисправната тироидна жлезда ги попречува менталните способности, заборавеност и збунетост за времето и местото.

Губење на косата, зголемување на телесната тежина и хормонална нерамнотежа се причини кои можат да доведат до депресија.

Луѓето со хиперактивна тироидна жлезда не толерираат топлина. Постојано обилно се потат после секоја физичка активност.

Ако работи забрзано, можни се проблеми со плодноста.

Loading