Моми на “зелено море”

Уште петел не пропеал, млади моми низ ниви се “перчат”. “Дуздисани” во носии, “ѕенѕаат” низ тутунски “ливади”, создавајќи тутунски китки и букети. Се врцкаат-прцкаат и фрлаат очи лево-десно. Анџак “зелено море” начекале, боја да фатат, нуркаат под корењата тутун и кожа со тутунска арома ливантосуваат. Лист по лист под прсти аџеле си крцкаат и милуваат. Па од ашик, полни азна “жолто злато” од нива дома ќе си понесат. Насред двор ќе се распостелат, купишта тутун ќе си сервираат “за рекреација”. На долги метални игли јавнуват листови, небаре нижат мониста и прсти со туткал си мачкаат. Вредни моми биле, ама и денес малку останале. Па, не за џабе рекле и песна за нив  запеале “прилепчанки – тутунарки”.

Loading