Шах
Во Струмица се одржаа првенствата на Македонија за млади шахисти. Во категоријата до 16 години одличен настап имаше членот на клубот Прилеп Никола Павлески. Доживеа само еден пораз и трипати ремизира, а четирипати победи. На конечната табела, меѓу 19 учесници, е на третото место со 5,5 поени, колку што имаат погорепласираните Ефе Ибраимов и Михаел Барнс, како и четвртиот Кирил Николовски од Мултиесенс Скопје.
Во групата до 8 години четвртото место меѓу 11 шахисти го освои Андреј Печијарески.