Бикоски шеста сезона во РК Прилеп

Ракомет

Иако е летен одмор, од ракометниот суперлигаш Прилеп има позитивни новости, според очекувањата на одлично организиран колектив. Добра вест е дека Управата го продолжи договорот со Христи Бикоски, еден од најдобрите играчи и стрелци. Брзото лево крило веќе шеста сезона ќе биде дел од прилепскиот состав, а сега и во улога на капитен. Тренерот, битолчанецот Божидар Мојсов, наесен ќе го има на располагање и младиот среден бек Ангел Крстески. Тој потпиша професионален договор за верност во следните три години. 

Претходно во клубот пристапија голманот Стефан Христоски, кој доаѓа од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски од Струга, како и бековите, Божидар Илиески, дојден од Мултиесенс (Скопје) и Никола Јеремиќ од Елвиес (Шпанија).

Подготовките, низ тренинзи и пријателски мечеви, обично почнуваат кон крајот на јули.

Loading