СПАС ОД ОСУМ МАКИ СО РИЦИНУС И СОДА БИКАРБОНА

Сé повеќе се цени природната козметика, а сода бикарбоната е приоритет за нега на кожата. Кога на содата ќе се додаде и рицинусово масло, се добива моќна комбинација.

Смесата од двете лековити состојки се користи во народната медицина, за проблеми со кожата како разни алергиски иритации, габични инфекции, па дури и алопеција.

За алергиски осип се мешаат до мазна маса 3 супени лажици сода бикарбона и 1 супена лажица рицинусово масло. Со мешавината се мачкаат зафатените области пред туширање. Се мие со млака вода и иритацијата ќе се смири.

За габични инфекции се мешат 1 супена лажица рицинусово масло и 1 супена лажица сода бикарбона. Мешавината се нанесува на инфекцијата. Во зависност од површината, соодветно се зголемува количината на состојките во сооднос 1:1. Се остава половина час, а потоа се плакне со млака вода и се брише со мека крпа. Рецептот се применува кај проблеми со коленото.

За иритации на окото, за надворешна употреба, се мешаат 1 супена лажица рицинусово масло и половина мала лажичка сода бикарбона. Мешавината внимателно се нанесува врз капакот од окото. По 20 минути се  мие со вода. Така се белеат темни подочници.

За катаракта секој ден се мачка кожата околу очите и капаците со рицинусово масло. Се мешаат до изедначување 1 супена лажица рицинусово масло и 1 супена лажица сода бикарбона. Се масира кожата 3 минути, а потоа добро се плакне.

Маста се користи и за смирување на каква било иритација на кожата, како што се убоди од инсекти, особено комарци, за подмладување на кожата и за отстранување на папиломи. За подобар ефект смесата се остава да делува 20 минути. Потоа се отстранува со вода. За папиломи, се завиткува и се остава цела ноќ. Следниот ден се отстранува и се повторува секоја вечер додека да отпадне.

За болки во  грбот се мешаат рицинусово масло и сода бикарбона во еднаков однос според големината на површината за третирање. Со смесата се мачка на зафатениот предел и се остава да делува 20 минути. Потоа се плакне.

За болка во увото се капат неколку капки загреано рицинусово масло во увото. Подобро е ако маслото се стави во празна тврда лушпа од орев и да се загрее. После капнувањето, се става топла крпа на увото и се остава да делува неколку минути.

За спречување на губиток на коса се мачка темето со рицинусово масло и се масира 5 минути. Потоа се мие косата вообичаено. Постапката повторува пред секое миење на косата.

Loading