Универзален вазелин

Вазелинот се потценуваат, иако овој евтин гел е основа за многу скапи креми. Еве за што може да послужи овој производ.

Пред прскањето со омилениот парфем, се мачка малку вазелин на местата на кои ќе се прска. Парфемот нема толку брзо да испари како порано. ,,Нескротливите веѓи,, се мачкаат со тенок слој вазелин и веѓите ќе станат послушни. Вазелинот е најдобро хидрирачко средство што може да се користи за омекнување на усните кои ќе станат негувани, хидрирани и сензуални. Трепките ќе бидат долги и негувани со користење на стара четка од маскара која претходно е миена. Се вади шминката па се мачкаат трепките со четката со тенок слој на вазелин. Постапката се повторува неколку дена. Промената е загарантирана. Вазелинот одлично ја негува испуканата и оштетената кожа на стапалата. На намачканите стапала се обуваат чорапи да дејствува подобро и подолго. За чувствителна кожа која реагира на препарати, вазелинот е одличен, особено за отстранување на шминката. Ако се иритира кожата после депилација, се мачка со вазелин и се остава да се впие. Црвенилото ќе исчезне. Ако врвовите од косата се оштетиле и не се посакува скусување на должината, се мачкаат врвовите со малку вазелин. Така привидно ќе се скријат оштетените делови. Валканица од кармин или од боја за коса се чистат со малку вазелин што се нанесува на дамката. Со триење, дамката исчезнува. Болното ставање на обетки се елиминира со мачкање на дупчињата со малку вазелин. Болката ќе исчезне.

Loading