СЛАДОК КОМПИР ЗА РЕГУЛАЦИЈА НА ПРИТИСОКОТ И ШЕЌЕРОТ

Слаткиот компир се препорачува кај речиси сите проблеми поврзани со исхраната, вклучително и дијабетесот и инсулинската резистенција, како и други метаболички пореметувања. Придобивките се огромни и затоа е нужно  да стане дел од редовната исхрана. Овој зеленчук кога ќе се пресече, повеќе личи на морков поради портокаловата боја и има издолжен облик. Вкусот не е ниту како морковот, ниту како компирот. За разлика од тешкиот и скробен класичен компир, слаткиот не е тежок за јадење, не предизвикува гасови или проблеми со стомакот, ниту создава чувство на надуеност и не е причина за дебелина. Се препорачува како дел од диети и специјални планови за исхрана дизајнирани за слабеење.

Не треба да се има страв од зборот “сладок”. Неговите шеќери се раствораат во крвотокот долго време без да предизвикаат зголемување на шеќерот во крвта. Од витамините го има Б комплексот, особено Б6. Како најпознат витамин кој влијае на здравјето на срцето и крвните садови. Слаткиот компир е дел од менито за срцевите пациенти, но како превентивна мерка. Има и висока концентрација на витамин Ц, кој е добар за општото здравје, зајакнување на имунитетот, еластичноста на кожата, коските и мускулите и како одличен антиоксиданс. Витаминот Д помага за јакнење на коските и спречување на рак. Содржи 400 отсто од вкупната дневна потреба за витамин А, а во одредени количини, витаминот Е исто така е присутен, како силен оксиданс.

Постои долг список на минерали. Калиумот е меѓу првите, бидејќи се содржи најмногу. Тој го чува имунитетот, го јакне организмот, коските, мускулите и крвните садови. Евидентиран е како моќен антиоксиданс. Ако се додаде магнезиумот, кој е силен во борбата против стареењето и нервозата, тогаш честото консумирање спречува најсериозни болести, вклучително и ракот.

Слаткиот компир се препорачува за разни болести или како превенција или како лек. Има дејство на срцеви заболувања и срцев удар, болести на крвните садови, високиот крвен притисок, дијабетес, рак, воспаленија и чести инфекции, па дури и неплодност. За сето тоа е заслужен витаминот А. Овој витамин го подобрува видот, а големата количина на влакна се одлични за одржување на варењето и здравјето на цревата.

Лесно се подготвува, на сите можни начини, се пржи, пече и готви, дури и се вари со додавање сосови од зеленчук или риба.

Бидејќи нема толку скроб, соодветен е во комбинација со црвено месо. Не го отежнува варењето. Се користи за мусака, како прилог со месо или подготвен самостојно, со разновидни салати.

Специфичниот сладок вкус никого не остава рамнодушен.

Loading