СТОП ЗА ХЕМОРОИДИТЕ… СО ЛИСТ ОД ЛЕШНИК

Сите ги јадат лешниците, а малкумина знаат дека листовите се лек за вени и хемороиди. И кората и листот од леската се користат  оти располагаат со танин со својство да ги стега крвните садови. Медицинските препарати од лисјата или кората од леска, се користат надворешно како облоги за третман на рани на вените. Облогите се подготвуваат со готвење на сечкани листови и кора од леска на тивок оган. Се користат и за чистење на кожата. Мевлемот од лисја и кора лекува надворешни хемороиди. Силниот, концентриран чај од леска е ефикасен лек за дијареа и за запирање на големи одливи при менструација.

Против болки во нозете: Потребни се грст свежи листови од леска и литар вода. Се сечкаат лисјата, се преливаат со врела вода и се поклопуваат. По половина час, се цедат и се пијат во четири дози во денот. Истовремено, се натопува ленено платно со малку чај, се става облога на болната вена и и се менува секој втор час.

Против хемороиди: Потребни се 10 мл течен екстракт од лисја и кора од лешник од аптека, 25 г масло од пупки од топола билна аптека и 10 г ланолин. Добро се мешаат екстрактот, маслото и ланолинот, па нанесува мевлем на хемороидите неколкупати дневно. Мевлемот се чува на ладно и темно место. Тој е добра замена за скапите препарати.

Против дијареа: Потребни се грст свежи листови од лешник и  литар вода. Се сечкаат лисјата, се преливаат со врела вода, се поклопува и се чека 20 минути . Се цеди и се пие по 200 мл чај петпати на ден.

Чистење на кожата: Потребни се грст свежи листови од леска и литар вода. Се преливаат ситно сечкани листови со зовриена вода. Се поклопуваат и се чека половина час. Се цеди и се пие по 250 мл чај четири пати на ден.

За проширени вени: За отворени рани при проширени вени на нозете потребни се кора од лешник, која се вари во растворено вино со вода (50:50). Од чајот се прават облоги кои се ставаат на нозете.

Loading