ЛЕК ЗА ШИЛЕЦ ВО ПЕТИЦАТА

Шилец во петицата Цалцар е израсток на петната коска, најчесто надолу. Тоа е реактивно раѓање на коска поради хронично, механичко оптоварување, кое со надразување при одењето се воспалува и боли. Се јавува кај постари и лица кои долго и многу стојат. Се карактеризира со силна болка во средината на петицата, која не дозволува оптоварување. Болните симптоми се јавуваат при првите чекори по станување од спиење или после долго седење.

Традиционалните методи некогаш се поефикасни од било кој крем од аптека. Некои методи за ублажување на болката повеќе пати во денот ја удираат петицата од подот од сите страни за да се зголеми циркулацијата и метаболизмот на калциумот и да се спречи таложењето на солта.

Домашен илач се прави со 10 таблети аспирин или андол од 200 мг., 250 мл. комова ракија или 70 отстотен медицински алкохол. Се дробат таблетите и се мешаат со ракијата. Се остава смесата два дена. Секоја вечер се протресува, па се натопува на парче газа. Облогата се става на петицата, се витка во најлон и преку неа чорап. Така се спие. Следниот ден се мие и се мачка со крем.

Со оваа тинктура може да се третираат и проширени вени. После мачкањето болката веднаш исчезнува. Може да се користи за болни места при таложење на сол. При силни болки се ставаат облоги од рендан компир.

Со оваа терапија исчезнуваат болките за десет дена.

Loading