Кога се’ се остава на совеста, таа се’ повеќе ја снемува.
x
Секој одбира дали ќе биде со оние кои го менуваат светот или со оние кои светот нив ги менува.
x
Киднапираната држава ќе се спаси со заминувањето на киднаперите.
x
Оставката станува – ставка.
x
Тапаните на војните никогаш не се на народот.
x
Вителот на историјата нема да ги одмине оние кои не ја почитуваат.
x
Кога нишаниш во повеќе мети во исто време, нема да погодиш ниту една.
“Д-р Хаџи-Васков”