НЕ СЕ ИГНОРИРААТ СИМПТОМИТЕ НА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ!

zglobЗглобот на колкот може да издржи многу движења, дури и при повреди. Перничето на рскавицата го спречува триењето додека коската на колкот се движи во своето лежиште. Покрај издржливоста, зглобот на колкот не е неуништлив. Со возраста, рскавицата се намалува или се оштетува. Мускулите и тетивите на колкот можат да бидат прекумерно ,,користени,,. Коските на колкот можат лесно да пукнат при пад или друга повреда.

Болката во колкот може да биде предизвикана и од други проблеми. Локација на болката обезбедува корисни информации за потенцијалната причина. Некои болки се времени, а други се долготрајни или хронични. Болката вклучува воспалителен и невоспалителен артритис, напрегање на мускулите, хематом и друго. Симптомите поврзани со болките во колкот зависат од причината, а тие вклучуваат накривување при одот, болка во зглобовите и препоните, губење на способноста за движење на колковите, чувство на топлина, отекување и мекост на колковите и тешкотии од спиење настрана. Се препорачува посета на лекар да ја утврдите точната причина и да се утврди дијагноза.

Физичкиот преглед вклучува внатрешно и надворешно извртување на колкот. Тоа може да предизвикува болка. Треба да се нагласи дека болката не мора да биде директно поврзана со колкот, туку да се чувствува и во бутот, внатрешниот дел на зглобот, препоните, надворешниот дел на зглобот на колкот, заддникот…

Оттаму, болката се пренесува на колкот. Болката може да стане посилна со зголемена активност. Поради тоа се намалува движењето. Некои луѓе дури почнуваат да накривуваат, поради неможноста да го издржат притисокот.

Различни се методите за лекување . Зависат само од точната причина на настанување. Се препорачува одмор, држење на мраз на болното место, забрана за кревање и носење тешки предмети, антиинфламаторни лекови… За лек од болките  може зглобот да се третира во домашни услови, со одмор и ладни облоги. Но, првин е потребна консултација со специјалист, особено ако болката не стивнува неколку денови. Нужно е да се знае дали се чувствува болка при одмор или ноќе. Тоа е знак дека болката напредува.

Решението може да биде едноставно, но може и да потрае и да создаде компликации, во зависност од сериозноста на болката. Како и да е, нужна е умерена активност со внимание на подвижноста на зглобот и правилно загревање.

Loading