МОДАР ЛЕК

modar-domatНе се пропушта сезоната на модрите патлиџани. Не е лошо да се замрзнат и за в зима, бидејќи овие плодови се многу хранливи. Одличен извор се на витамините К, Ц, А, Б1, Б3, Б6 и Б9. Богати се и со минералите калиум, калциум, фосфор, бакар и магнезиум. Кај веганите се вкусна замена за месото. Патлиџанот се користи и за медицински цели, како лек за гастритис, проблеми со коските, реума, изгореници на кожата, па дури и рак.

Модриот патлиџан е познат и како помош за регулацијата на шеќерот во крвта. Плодовите имаат ниска концентрација на јаглени хидрати, нема масти и има само 20 калории во парче. Богатството влакна придонесува за чувство на ситост.  Хлорогеничната киселина ги намалува мрсните наслаги. Затоа е одличен сојузник во борбата против вишокот на килограми. Горчливите состојки го ослободуваат организмот од грчеви во желудникот. Влакната го штитат дигестивниот тракт. Плодовите помагаат и во намалување на нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол, како и зголемување на ХДЛ (добриот) холестерол. Содржината има антивирусни својства, погодни за превенција и лекување болести, предизвикани од вируси.

Кората на модриот патлиџан располага со соединение кое е антиоксиданс  со моќна улога во превенција од рак.

Loading