БАМЈА – ЛЕК И АФРОДИЗЈАК

bamja

Бамјата не е толкава непозната, но има луѓе кои уште не ги запознале благодетите на лековитата бамја. Овој зеленчук е позната пет илјади години, откако била донесена во Европа од Африка. Одомаќинета е на Блискиот исток. Османлиите ја третирале и како вкусна храна, и како афродизијак.

Бамјата е деликатес и специјалитет како храна. Лек е за здравје и за убавина. Богата е со витамини и минерали. Сувиот чај од бамја помогна за регулација на шеќерот. Како лек се среќаваи ,,водата од бамја,,. Корисната слуз совршено ги лекува гастричните заболувања, особено хеликобактер пилори. Маслото решава дерматолошки проблеми, хемороиди и брчки! Првиот растителен ботокс е направен од бамја.

Може да се јаде свежа, само со кусо обарување или да се додава во било кое јадење 10 минути пред крајот. Се комбинира со домати во салата и со мал додаток на ѓумбир или босилек, масло од тиква, јаболков оцет… Се чува за сушење, замрзнување, бланширање и маринирање. Сувата бамја се користи како природен емулгатор, корисен за слаткарите, оти ја намалува кристализацијата на шеќерот.

ВОДА ОД БАМЈА

Водата од бамја помага за регулација на шеќерот и го намалува холестеролот. Потребни се 2-4 свежи бамји. Се сечат на краевите и надолжно, па се ставаат во чаша со вода или стаклена тегла. Се оставаат преку ноќ. Следното утро се цеди течноста и по потреба се додава уште вода. Се пие течноста, половина час пред појадок.

Loading