САМО ДВЕ ЛИЦА ПОЧИНАЛЕ ОД КОРОНАТА ИЗМИНАТА СЕДМИЦА

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 24 до 30 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 18 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале две лица. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 58. На болничко лекување се наоѓаат 5 лица, од кои 4 се на кислородна поддршка. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.301 .

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 424 лицa.

Infektivno oddelenie

Loading