ПРОНАЈДЕНО ОРУЖЈЕ ВО ЛАЖАНИ

Полицијата направи претрес во прилепско, пронајде пушка, рамки за автоматска пушка, муниција.

Pronajdeno nelegalno oruzje vo Lazani

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и ОВР Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба извршија претрес во домот и помошните простории кај С.Т. (51) во с. Лажани, прилепско.
При претресот се пронајдени три рамки за автоматска пушка, една воздушна пушка, 90 куршуми кал.7.62 x 39, 25 маневарски куршуми, ловни патрони…С.Т. е приведен во ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Loading