Мицкоски: По најлошите четири години за Прилеп, следуваат подобри со ВМРО-ДПМНЕ

,,Од она кое што можев да го слушнам од бизнисмените, во Прилеп, условите за стопанисување се тешки, а Власта ништо не прави за подобрување на условите за стопанисување. Мојата порака е дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.,, Ова го изјави  Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ по средбата со стопанствениците од Регионалната стопанска комора од Прилеп, од кои слушна што тие  бараат за подобрување на економската клима во земјата, која била тешка.

foto Mickoski

Одговараше и на новинарски прашања. На Зоран Заев и на луѓето околу него, му порача да не си играат  со идентитетот на македонскиот народ и нација, да не прифатат  договор каде што ќе потпишат ниту една реченица која што ќе е двосмилена, еднонасочна или ќе задира во идентитетот на македонскиот народ. Владата  на ВМРО ќе нема намера да почитува таков договор . Ова било порака  и до бугарските власти. На прашање дали ќе коалицира со Левица na локалните избори, тој истакна дека ќе коалицирале со сите политички партии кои се подготвени да работат заедно со нив, да ја поразат оваа лоша власт, меѓу кои и со спомнатата партија.

Очекува со кандидатот за Прилеп да победат на локалните избори.

Sredba na Mickoski so stopanstvenicite

Loading