АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Доволно е среќен оној кој нема време да биде несреќен.

x

Главата ја ценат според активноста на јазикот.

x

Тврди дека има факултет ама кој треба да погледа во дипломата штотуку купена.

x

Цените и понатаму ја зголемуваат предноста во трката со платите и пензиите.

x

Во животот ни се случуваат драми, ама и понатаму се актуелни – сериите.

x

Откако добро се всидри, продолжи да ветува дека ќе не води напред.

x

Кучињата лаат по караванот, ако доволно се платени.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading