КОНЦЕРТ НА ЕМИЛИ ХРИСТОСКА И ДАНИЕЛ ПЕТРЕСКИ

plakat koncert

Вечерва од 18 часот, во Ликовниот салон во ЦК ,,Марко Цепенков,, Емили Христоска и Даниел Петрески, двајцата студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе исполнат композиции од познати комозитори, меѓу кои Глук, Чајковски, Рахманинов, Чилеа и други. Ќе  бидат.

Сограѓанката Емили Христоска музичкото образование го почнува во музичкото училиште. Средно завршува во Битола. Моментно е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. При школувањето добива повеќе награди на натпревари во Македониј и пошироко. Била учесник на семинари. Член е на Битоската камерна опера и на професионалниот хор Про Арс, Женскиот младински хор при МКЦ.

Кичевчанецот Даниел Петрески (пијано) се образувал во средното музичко во Битола на насоката музичар теоретичар. Носител е на повеќе први награди на натпревари. За втор инструмент ја изучува виолата и учествува на концерти со гудачки квартет, освојувајќи награди. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот за музичка теорија и педагогија. Паралелно се е на пијано.

Loading