ПОДОБРА ЦИРКУЛАЦИЈА СО 8 БИЛКИ

borovinkaБоровинката, магдоносот или глогот се билките кои го подобруваат протокот на крвта низ крвните садови. Тие ја олеснуваат циркулацијата,  подобро од синтетичките лекови. Таа е важна компонента на здравјето. Активното пумпање на срцето помага во транспортот на крвта која го пренесува кислородот и хранливите материи до сите органи. Протокот на крвта помага и во транспортот на отпадните материи од бубрезите и белите дробови. За да се транспортира крвта без пречки, организмот бара правилна исхрана и менување на стилот на живот. Потребно е вклучување на одредени билки за подобрување на целокупната крвна слика.

Гинко билоба има моќни антиоксидативни својства. Се користи против проблеми со крвта и памтењето. Го подобрува протокот на крвта со пад на лепливоста на тромбоцитите и ги шири крвните садови. Ги намалува ефектите од Алцхајмеровата болест.

Боровинките ја разредуваат крвта и ја подобруваат циркулацијата. Помагаат при атеросклероза.

Магдоносот има природни својства за ширење на крвните садови. Тој е богат извор на витамините Б12 и Ц.

Врбината кора содржи салицин, слично на аспиринот. Затоа е традиционален лек за воспаленија и за разредување на крвта.

Кајенската пиперка е најздрав зеленчук. Лутиот вкус е корисен против слаба циркулација, главоболка, болка во грлото и забоболка.

Со правилна обработи на дивиот костен се приготвуваат лековити тинктури и кремови за лекување на циркулаторна инсуфициенција.

Глогот ја подобрува циркулацијата на крвта и позитивно влијае врз срцевиот мускул. Го регулира ритамот на срцето и го подобрува крвотокот.

Ѓумбирот ги шири крвните садови и крвта лесно протекува. Ослободува од мачнини и ја регулира столицата. Одличен е против настинки, грип и тегоби со зглобовите. Една чаша дневно чај од ѓумбир ја подобрува циркулацијата на крвта и го подига имунитетот.

Loading