АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кој многу се чатали може да му се случи да биде расчатален.

x

Неспособните ниту своето буниште не ги бива да го одржуваат.

x

Политичарите ниту во време на пост не се обидуваат да се воздржат од лажни ветувања.

x

Оној кој се чувствува голем петел очекува кокошките да му несат ноеви јајца.

x

Демократија не се гради со демагогија.

x

Платите и понатаму заостануваат во трката со цените.

x

Тврди дека завршил факултет, ама кој е, мора да се погледа во дипломата.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading