СОЛЗИ РАДОСНИЦИ ЗА ПОВТОРНОТО ПРООДУВАЊЕ

Одделение за Физикална медицина и рехабилитација

Del od timot na fizioterapevti

Откако вирусот Ковид 19 ќе ги врзе пациентите за постела, две, три недели, па дури и повеќе од еден месец, докторите, физијатри, заедно со физиотерапевтите се вклучуват во рехабилитација на болните. Им помагаат повторно да застанат на нозе, да им се олесни дишењето и да им се зголеми волјата за живот.

На иницијатива на началникот на одделението Д-р Марија Спиркоска, и под контрола на докторите физијатри, се спроведува рехабилитација на пациентите.

D-r Marija Spirkoska nacalnik

После прегледот на докторите, се препорачува терапија, индивидуално за секој пациент. Ја спроведува тимот на физиотерапевти организирани од главниот физиотерапевт Христијан Стојкоски.

Се прават вежби за дишење да им се зголеми сатурацијата, дренажа за искашлување на секрет, активни и пасивни вежби за јакнење на мускулатурата, вертикализирање на пациентот…

Докторите, физијатри, тимски со физиотерапевтите, се алка во синџирот при лекување на пациентите од Ковид19, светла точка во која болните гледаат помош и надеж.

Profesionalna pomos za  razdvizuvanje

Povtorno prooduvanje

Loading