ПРИРОДНО БЕЛЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

zabi

Може да се добие прекрасна насмевка за една недела. Наочиглед неуредно па дури и гадно, но во светот стана тренд за избелување на забите. Потребен е само активен јаглен. Тоа е темен дијамант на нардоната медицина.

Еден од најмоќните природни лекови кои помагаат при низа болести, од дизентерија до последици од радијација е дрвениот јаглен. Познат е веќе со векови и одамна се применува во медицината. Египетските доктори, и основачот на модерната медицина Хипокрит, препорачувале употреба на јаглен при труење, а американските индијанци го користеле за кожни инфекции.

Активниот медицински јаглен има широка примена поради својата способност за апсорбирање на други супстанции. Се добива со преработка на јагленот во парна комора при што тој се отвора, му се зголемува површината со која може да привлече повеќе состојки. Нема негативни нуспојави, а Американската агенција за храна и лекови го вклучи во прва категорија (како сигурен и ефикасен лек) при лекување на акутно труење.

Постапката за белење на забите со активен јаглен е многу ефикасна. Во сад се дроби активниот јаглен (од аптека), па со влажна четка се  нанесува на забите како при миење. Нема потреба од дополнителен притисок, туку едноставно нормално четкање на забите.  Доволни се само 3-4 минути, а потоа се плакне и се мијат со нормална паста за заби. Резултатите треба да бидат видливи, по првото миење, а по една недела ќе лсне сјајот од белите заби.

Loading