ПРИЛЕПЧАНИ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО АСТРАЗЕНЕКА

Прилепчани во вакцината гледаат надеж дека нема да бидат заразени со Ковид .

Сите кои биле евидентирани на Мој термин  и се пријавиле денес добија вакцина. Функционираше еден вакцинален пункт, но ќе бидат вакцинирани 90 граѓани, исто како да се два вакцинални пункта.

Keti Smileska - direktor na bolnicata

-Од утре ќе функционираат два пункта.  Имаме добиено 900 вакцини, а во текот на овој ден треба да се вакцинираат 90 граѓани – изјави директорката на општата болница, Кети Смилеска.

Во болницата имало 120 лежечки пациенти од кои 90 биле на кислородна поддршка, а имало слободни уште само 4 легла. В петок ќе се отвори модуларната болница.

 

Loading