Иако вчера, пристигна пролетта, но само календарски, надвор времето повеќе наликува како да почнува зимата. Првиот пролетен ден прилепчани го дочекаа со снежна покривка.
Првите пролетни денови се студени и врнежливи. Зимското време се должи на циклонската активност со изразен влажен и студен воздушен бран кој го зафати и Прилеп.
Инаку, 21 март е рамноденицата, астрономски настан кога Сонцето во орбитата околу Земјата ќе достигне преку Екваторот, предизвикувајќи денот и ноќта да бидат со приближно еднакво траење на целата планета. Нашата планета има две годишни рамноденици, една во пролет и една во есен. Пролетната рамноденица е време на преродба за цел живот на нашата планета. Додека зимата нè става во живот во темница, рамноденицата радува бидејќи носи повеќе часови сонце.
Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и утре.