ТРЕТ ОБИД ЗА ТРИУМФ

Ракомет

Лошо стартуваше екипата Прилеп во плеј-аутот од Супер лигата. Прво дома со 31:33 загуби од скопски Голден арт – КЛ 7, потоа во Скопје со 29:26 од Работнички. На вториов дуел имаше рамноправна игра сé до финишот кога скопјаните направија недостижна разлика од 6 гола. Кај гостите пак најефикасен Реваз Чантурија со 5 гола, додека по 4 дадоа Александар Тренчевски, Христијан Бикоски и Владимир Трајкоски. В сабота е третиот обид да се стигне до првите бодови, дома со Радовиш. Противникот има еден пораз, и тоа од Работнички.

Женскиот тим Деспина дома со 23:18 ја совлада Гевгелија, а на 28 март му гостува на Спартак во Скопје.                                                                                      

Loading