МЛАДОСТ 96 ИТА КОН ТИТУЛАТА

Пинг-понг

Со прилепското дерби, Младост – Младост 96, стартуваше пролетниот дел од Супер лигата. Помладиот клуб, лидер на табелата, пак победи, исто како есеноска со 4:1. Кај победникот недостигаше Србинот Стефан Костадиновиќ, а кај поразениот Ѓоко Јочкоски и Александар Штаргоски. Поените ги освоија: Андреј Лашкоски две, Александар Рикалоски и Кристијан Станојковски по една за Младост 96, а Теодор Кировски за Младост. Во идните кола, Младост 96 со Струга и Вардар, а Младост со Крива Паланка и Радовиш.

Табела: Младост 96 – 20, Шампион и Младост по 18, Работнички 15, Вардар, Крива Паланка и Радовиш по 14, Телеком 2 – 13, Телеком 12, Струга 9.

На Изборното собрание на ПФМ, реизбрани се претседателот Горан Тиловски и потпретседателот Златко Рикалоски.

Loading