Прилеп се прости со Ристо Тошески, авторот на мозаикот „Солза“ со ликот на Тоше

Денеска, напладне на Новите градски гробишта беше погребан Ристо Тошески Туло,  авторот на мозаикот „Солза“ со ликот на Тоше кој се наоѓа во центарот на градот.

Mozaikot Solza posveten na Tose

Тошески почина вчера на 56 годишна возраст, како последица од Ковид 19.

Прилепчани го знаат Ристо Тошески, освен како наставник по спорт и спортски активности во ОУ „Гоце Делчев,, и како мултиталентиран човек полн со ентузијазам. Автор е на грандиозниот мозаик „Солза“, посветен на ликот и делото на македонската поп-икона Тоше Проески, поставен во центарот на градот во 2012 година, на 5-годишнината од смртта на македонската музичка ѕвезда.

Risto Toseski go izraboti mozaikot Solza

Мозаикот изработен од мермерни и гранитни камчиња има височина од 5 метри и широчина од 2,7 метри, а само ликот на Тоше зафаќа простор од 1,7 метри.

Risto Toseski -avtor na mozaikot  posteven na Tose 1

Тошески беше автор и на две сатирични книги: „Предизборни лигуши“ и „Од децата да си дочекате“ во кои го изразуваше револтот на обичниот човек. 

Loading