Малолетник се здобил со тешки телесни повреди по пад од мопед кој го управувал исто така малолетник. Тој бил сопатник во незгодата.
На 16 март во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во с.Дебреште, прилепско, од мопед „атв“ без регистарски ознаки, управуван од малолетник, на коловозот паднал сопатникот – малолетник. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.