КОВИД ТЕСТОВИ И ВО ПРИЛЕП

Центарот за јавно здравје доби донација од Дрекслмајер од Кавадарци

Во Центарот за јавно здравје ќе се извршуваат ПЦР тестирања за детектирање на вирусот благодарение на донацијата на компанијата Дрекслрмајер од Кавадарци. Станува збор за апарат за молекуларната лабораторија на лабораторијата за микробиологија. Новиот апарат претставува автоматски екстрактор на нуклеински киселини РНК и ДНК, а ќе се користи за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид 19. Со ова ќе се зголеми капацитетот на тестирања во градот и во околината и ќе се намали времето на чекање за тестирања. 

-Изразувам огромна благодарност за Дрекслмајер што ни овозможи да ја комплетираме лабораторијата за молекуларно тестирање. Со овој апарат значително ќе се намали времето за чекање на резултатите. Опрема ќе служи и за изолација на нуклеински киселини РНК и ДНК и за други вирусни и бактериолошки испитувања и на идните генерации – рече Д-р. Драгица Николовска, директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Од почетокот на пандемијата Дрекслмајер во повеќе наврати донираше медицинска опрема на здравствените институции во борбата со Ковид 19. Изминатиот период и болницата во Кавадарци доби 400 брзи тестови за брзо детектирање на вирусот. 

-Како општествено одговорна компанија се стремиме да излеземе во пресрет онаму каде што е најпотребно. Во времето на глобална здравствена криза, го даваме придонесот за заштита на јавното здравје и ги подобруваме условите за работа на здравствените работници со нови современи медицински апарати. Остануваме посветени на зајакнувањето на меѓусебната соработка во напорите за побрзо и поефикасно справување со пандемијата –  истакна Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци. 

Секој сноси одговорност во подобрување на јавното здравје. Затоа, да ги почитуваме мерките за заштита и да се однесуваме совесно и одговорно.

Расте бројот на заразени

За една недела 11 починати прилепчани      

Расте бројот на забелени од Ковид 19 во Прилеп. Според лекарите, подемот на интензитетот се должи на дружбите на граѓаните. Новиот англиски сој на корона вирусот, кој е посилно вирулентен, предизвикува раст на заразените. Одделението за уво нос и грло и дел од интерното одделение во болницата повторно се ставени во функција како ковид оддел,

Од крајот на минататат недела почна вакцинирањето на здравствените работници. Од болницата веќе се векцинирани неколку десетици, а се пријавени над 150 лица.

Центарот за јавно здравје информира дека од 15 до 21 февруари имало 274 нови случаи на Ковид-19. Од последици на корона вирусот починале 11 лица. Активни се 473, од кои 59 лица се на болничко, 367 на домашно, а 47 се лекуваат во дневната болница. Во домашна изолација и самоизолација се 321 лице.

Од почетокот на пандемијата заразени се 5.116, а од вирусот починале 254 лица.

Loading