КОМФИ АНГЕЛ“ ДОБИ НАГРАДА ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ПАНДЕМИЈА

„Комфи ангел“ доби награда за компанија која ефикасно го приспособи производството во време на пандемија. Оваа награда за компанијата е за 2020 година, а по повод одбележувањето на 99-годишнината од стопанската асоцијација.

Stopanskata komora na Makedonija ja nagradi kompanijata Comfy Angel

,,Во време на пандемија, асортиманот го збогативме со производство на заштитни маски, поради потребата на домашниот и меѓународниот пазар. На почетокот маските се произведуваа рачно, а сега дополнително се набавени две машини со вкупен капацитет од 60 000 парчиња во смена.  Горди сме штосме јавно афирмирани како општествено одговорна компанија, а грижата за општеството продолжува да се надградува во секојдневното работење,, напиша на Фејсбук од Комфи ангел.

Nagrada za Comfy Angel od Stopanskata komora

Наградите и другите признанија за 2020 година за компаниите членки се со одлуката што ја усвои управниот одбор на комората.

 

Loading