КАЈ 10 ПРИЛЕПЧАНИ ПОТВРДЕН ,,БРИТАНСКИОТ,, СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ

Од вкупно 45 случаи на „британски“ сој на коронавирус, дури 10 се од Прилеп. Се очекува зголемување на бројот на нови случаи на коронавирусот, а се апелира  граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп.

Преку лабораторијата на МАНУ, досега во нашата земја се потврдени вкупно 45 случаи на „британски“ сој на коронавирус, од кои 10 се од Прилеп.

Vo Prilep 10 slucai na britanski soj na koronavirusot

Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти. Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани.

-Од причина што „британскиот“ сој е позаразен во однос на претходниот сој, во наредниот период очекуваме зголемување на бројот нови случаи на коронавирус. Во таа насока, упатуваме апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор – се вели во информацијата од Општина Прилеп.

Loading