ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ЗА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ

 

Gradonacalnikot Ilija Jovanoski

,,Почитувани сограѓани, православни христијани Денеска, кога со огромна радост во срцата го славиме големиот христијански празник Богојавление – Водици, дозволете на сите вас и на вашите семејства да ви посакам добро здравје, мир, радост и благосостојба. Славењето на Христовото крштевање според актуелните услови на пандемијата, во кругот на нашите најтесни семејства, без извршување на Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на светиот крст, да го разбереме како влог во нашето лично здравје и здравјето на нашите најблиски. Посакувам ова да биде последна година кога го славиме Водици надвор од вековните традиции и обичаи, да биде година во која ќе го победиме најголемото зло на денешницата, вирусот Ковид-19 Во духот на овој голем христијански празник, да продолжиме да ги негуваме универзалните вредности на хуманост, мир, слога и човекољубие, кои сигурно ќе ни помогнат во надминувањето на предизвиците и остварувањето на заедничките цели за подобро и попросперитетно општество за сите. Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Богојавление – Водици,, се вели во честитката од градоначалникот Илија Јованоски.

Loading