(ФОТО И ВИДЕО): БОГОЈАВЛЕНИЕ И ВОДОСВЕТОТ СЕ СИМБОЛ НА ОБНОВУВАЊЕ ПРЕКУ ВОДА И ДУХ

По повод празникот Богојавление или Водици во сите цркви во Прилеп се одржа Света Божествена литургија и Богојавленскиот водосвет. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух. Осветување на водите се одржа во кругот на храмовите поради пандемијата, со запазување на сите мерки за зачувување на здравје на граѓаните.

Pratenikot Mile Talevski utrovo vo crkvata Sveto Blagovestenie

Dejan Prodansoki megu vernicite na Bogojavlenie

Во спомен на Христовото крштевање црквата востановила празник: „ Богојавление-Божја Теофанија односно јавувањето на Света Троица.Божјата волја била на најјасен и очигледен начин  на денот на крштението на Исус Христос да се открие Светата Троица и тоа: Второто Лице се крштева во реката Јордан, Светиот Дух во вид на гулаб слегува врз Него, а Бог Отец сведочи од небесата: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја .Овој празник е еден од најголемите христијански празници каде што Бог ги потопи и очисти гревовите од целото човештво во водите Јордански. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

Водици се нарекува уште и заради големиот водосвет, што го извршува Црквата два пати во годината на Водокрст и Богојавление. Со големиот празник Богојавление (Водици) се заокружува циклусот на јануарските празнувања.

Традиционално по завршувањето на службата некои граѓани ги пуштаат и гулабите да летаат од црковните дворови.

Прилепскиот архиерејски намесник Влатко Ристески со свештеник ги осветија и водите на прилепското вештачко езеро. Овој чин се одржа за прв пат и тоа без присуство на граѓани.

Loading