ПРИ СУДИР НА МЕРЦЕДЕС И ОПЕЛ, ПОВРЕДЕНИ ТРИ ЛИЦА

Утрово во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

Teska soobrakajna nesreka megu mercedes i opel

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Loading