АГРОМЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ СО СОФТВЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ

Две агрометеоролошки станици поставени се во Галичани и Канатларци. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион изврши набавка и поставување на агрометеоролошките станици со софтвер за земјоделски култури од проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“.

Dve agrometeoroloski stanici vo prilepsko

Агрометеоролошките станици МЕТЕОБОТ имаат сензори за мерење на температурата и влажноста на воздухот, воздушниот притисок, брзината на ветрот, количеството на врнежи, соларната радијација, влажноста на лист и сензор за мерење на температурата на почвата. Станиците се целосно автоматизирани, што значи дека корисникот нема да оди до станицата за да ги прочита податоците, туку тоа ќе може да го направи преку компјутерска и мобилна апликација. Измерените податоци станиците ги собираат на секои 10 минути и преку GPRS ги испраќаат до сервер, каде тие се преработуваат и се препраќаат до компјутерската и мобилната апликација. На територијата на општина Прилеп, агрометеоролошките станици се поставени во консултација со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Loading