ЦРНИЛИШТЕ И НАПРЕДОК СО ШАНСИ ЗА ВТОРА ЛИГА

Фудбал: Трета лига – Југ

Заврши есенскиот дел од Третата лига- Југ. Остана неизвесноста која екипа ќе го освои првото место за пласман во Втората лига – Исток. Екипата Ново Црнилиште изваде нерешено (1:1) во Неготино со Вардар. Дербито Превалец – Напредок Крушеани го добија домашните со 1:0. Така, црнилиштанците имаат бод повеќе од крушеанците, но двата тима се со шанси за ранг погоре. На врвот е Локомотива од Градско, со триумфот од 2:0 во Лажани, против Братство.

Табела: Локомотива и Ново Црнилиште по 28, Превалец и Напредок по 27, Вардар 19, Братство и Обршани по 18.

Loading