ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 1990

Историја

Istorija

Од 13 до 28 јануари 1990 година во Универзалната сала на Тутунскиот комбинат се одржа шестиот Зимски турнир во мал фудбал, со учество на 76 екипи од градов и други места од Македонија. Уште на првиот ден салата се наполни со близу 2000 гледачи. Така беше секој ден до крајот. Се достигна бројка од над 30 илјади гледачи. Дневно се играа по шест меча.

Новина на турнирот беа наградите, обезбедени од Младинската организација и Центарот за култура и рекреација при Тутунскиот комбинат, на чело со Глигурче Локвенец. Покрај пехар, комплет дресови и парични награди за четирите најдобри екипи од по 5000, 3000, 2000 и 1000 југословенски динари, како и за најдобри поединци – играч, стрелец и голман, вредни стокови награди имаше и за публиката. Потенцијален добитник беше секој гледач со купен билет од 3 динари.

Победник стана тимот Варошко маало Кинг, кој во финалето го совлада Соник со 2:1. Во мечот за 3 место Бони амичи беа подобри со 5:1 над Пролетер, екипа од работната организација. За најдобар играч и стрелец со 25 гола беше прогласен Тони Наумоски од Соник, најдобар голман – Горан Наумоски од Машинист,  а најфер екипа – Амадеус.

Loading