СЕКОЈ ДОМ СО КАКТУС – ЧУДО НА ПЛАНЕТАТА

kaktusКактусот алое вера е корисна билка, препорачлива за домашно одгледување. Оваа билка помага при изгореници на сонцето, нејзиниот гел олеснува од разни кожни проблеми. Се третираат акни и влијае на намалување на видливоста на брчките. Се препорачува и при убоди од инсекти. Помага при артритис, опстипација, ждригавица. Ја користат и дијабетичари, бремени жени и за нервозни црева.

Сокот се консумира во мали количества дозирано еднаш или два-три пати дневно. Не се нанесува на хируршки рани. Кактусот дава убав изглед на просторијата. Лесен е за одржување. Не е потребна олема околу полевањето. Го прочистува воздухот и дава пријатен мирис.

Сокот е погоден за луѓе со зголемен шеќер во крвта, артритис и чир на желудникот. Потребни состојки: ¼ чаша свежо алое, 1 прстофат лимонска киселина (во делот за конзервирање, ако не го користите веднаш), 1/2 лажичка витамин Е масло и лажица масло од кокос. Се вади лековитата состојка од алое лисјата. Најлесно е со сечење на листот од горе до долу, отстранувајќи го горниот заштитен слој. Се користи лажица за вадење на гелот од растението (ако го оставите една минута, ќе можете да исцедите дополнителен сок од растението, кое е жално да не се искорити до крај). Во блендер се ставаат сите состојки. Се блендира додека сите состојки не се соединат во течна смеса. Лимонската киселина и витаминот Е делуваат како конзерванси. Затоа лимонската киселина е опциона. Се става смесата во мал затворен сад во фрижидерот и оставете ја најмалку еден месец.

Алое вера е билката која се користи ширум светот за лекување на у тешки и сериозни болести како што е ракот. Содржи доста витамини и минерали, особено со витамин Ц, Е и цинк. Има антибактериско дејство против многу инфекции. Алоето во Русија е познато како еликсир на младоста, а старите Египќани ја нарекле билка на бесмртноста. Некои ја нарекуваат уште ,,кралица на лековитите билки,, користена во кинската традиционална медицина.

Алоето се смета за најлековитата билка, чудо на  планетата.

Loading