НАГРАДИ ЗА МОДНИ КРЕАЦИИ ВО СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ,,

Во СОУ ,,Ѓорче Петров,,    

Награди за  облека инспирирана од сликари

            Со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, во ОУ ,,Ѓорче Петров,, беа доделени наградите, сертификатите и благодарниците на учесниците на онлајн конкурсот ,,Јелена Крстиќ‘‘, организиран во спомен на ученичката Јелена Крстиќ.Темата беше ,,Современа облека инспирирана од делата на познати сликари‘‘. Креациите покажаа дека училштето е расадник на таленти, кои посветено творат, прават комбинации на материјали и техники и со љубов постигнуваат ефектни дела.

111

            Првпат се додели Гран При награда, која ја доби Марија Станојовска од текстилно-кожарската струка. Таа е креативна и надарена ученичка која претендира да стане дизајнер.

112

            -Тоа беше сон и на Јелена, кој, за жал, не и се оствари – нагласија родителите, кои се заблагодарија на организаторите и на ученици во чии цртежи и дела живее споменот на нивната ќерка.

113

            Прва награда освои талентираниот Антонио Ѓурчиноски, зад неа е Симона Стомнароска, а третата награда и припадна на Михаела Ванчева.

114

            Спонзор беше компанијата Комфи Ангел.

115

            Манифестацијата како традиционална продолжува со тенденција да ги поттикнува и промовира уметничките афинитети на учениците, креативноста и да даде до знаење дека естетиката и дизајнот на облеката се важен сегменти за современиот човек.

116

Loading