НАЈЦРН НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ: ЗА 7 ДЕНА ПОЧИНАТИ 23 ПРИЛЕПЧАНИ

Дури 23 прилепчани починале за седум дена од последиците од короната.  Ова е најцрниот неделен извештај за смрттноста во општинава, што би значело повеќе од тројца дневно. Во неславниот рекорд  на  пацинети кои ја изгубиле битката со ковидот 19, се и вчерашните девет починати пациенти за кои Министерството за здравство информира дека од нив тројца биле починати во претходното деноноќие, а за останатите информацијата беше непотполна. Од почетокот на пандемијата, од коронавирусот починале 190 лица.

Освен смртниот исход за 23 лица, во периодот од 14-ти до 21 декември, во Општина Прилеп имало 271 нов случај на Ковид-19. Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, бројот на активни случаи изнесува 793; 602 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 100 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓаат 57 пациенти. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.424 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.946 лица.

Inefektivno oddelenie

Loading