ШОКАНТНО: д-р ЗЛАТКО САВОСКИ АПЕЛИРА ЛЕКОТ ,, СУГАРНОРМ,, ЗА ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА

Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира лекот СУГАРНОРМ за шеќерна болест апелира д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница, на неговиот Фб провил, откако синоќа успеал да спаси пациент на 27 годишна возраст донесен во тешка состојба. Според него научното здружение на ендокринолози и дијабетолози се имало изјаснето дека кај нас лекот не е регистриран, ниту пак се препорачува.

,,Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгубен од користење на таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест СУГАРНОРМ кој 27 годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза. За среќа, после целовечерна борба пациентот стабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокринологија. Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози веќе се изјасни дека кај на не е регистриран, ниту пак се препорачува. Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира СУГАРНОРМ. Исто така апелирам до пациентите и сите останати да на своја рака не го земаат истиот или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опасност – апелира на ФБ д-р Златско Савоски.

Во коментарите, стои препорака да не се земаат лекови на своја рака оти последиците можат да се фатални. Бројни се пофалбите за докторот кој ја извојувал битка со поддршка за поширока едукација на населението, но и мерки кои треба државата да си ги преземе во однос на сите понуди со кои секојдневно граѓаните се преплавени насекаде. Некои коментираат дека голем е бројот на пациенти кои побрзо ќе се решат на своја рака да го земат овој многу рекламиран “лек”, отолку да консултираат стручно лице. Затоа што компликациите и последиците се сериозни, медицинските лица и граѓаните очекуваат официјално за лекот да се изјаснат релевантните медицински авторитети.

Apel od d - r Zlatko Savoski

d-r Zlatko Savoski - specijalist internist endokrinolog

Loading