ЗАЕВ ДА ДОЈДИ НА БЛОКАДИТЕ

            ЗАЕВ ДА ДОЈДИ КАЈ ТУТУНАРИТЕ ВО ПРИЛЕП

            ,,На лагата и  се кратки нозете,,. Ова утринава на ФБ профилот на Иницијативниот одбор на тутунарите го објави претседателот на иницијативниот одбор на тутунарите, Игор Мирески. Тој им порача на тутунарите да се спремаат за блокади пред Владата, оти таа ги оставила на цедило.

TUTUN

            Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа во петокот постигна писмена согласност меѓу тутунарите и откупувачите, освен компанијата Сокотаб од Битола, за флексибилна проценка на квалитетот на тутунот од годинешната берба, односно проценката да биде на преодните класи или меѓу класите да оди во повисоката класа. Да се откупат сите количества и одбитокот да биде максимум 5 отсто. За оваа согласнот гарант беше, според тутунарите, министерот за земјоделство.

            Флорим Бурак Имери од селото Црнилиште пишува дека утринава не се спорведува договореното. Според него, откупувачите тераат по старо.

            -Ценачите велат дека ништо не е договорено. Тоа е само обично ливче – вели Имери.

            Тутунарот Игор Алексоски веќе заговара продолжение на протестите и блокадите во знак на револт од изигрувањето на договореното.

            -Утре да се собереме помасовно на Плетвар и да го бараме да дојде премиерот Заев, а не министрот за земјоделство. Доста е од измами како мали деца. Без пари нема да ги даваме маката и трудот вложени во тутунот – пишува Алексоски.

            Тутунарите се обидуваат преку блокади да постигнат повисока цена на годинешниот род, бидејќи на стартот на откупот, според нив, просечната цена била 120-130 денари од килограм. Тие бараат да се постигнат ланските просечни цени од 200 денари.

            Околу 30 илјади семејства од земјава, произведоа околу 23 илјади тони тутун од ориентален тип.

Loading