За водоснабдувањето на манастирот Трескавец, издвоени се средства во висина од 5,5 милиони денари. Ова го соопшти градоначалникот Илија Јованоски, по вчерашна посета на манастирот заедно со премиерот Зоран Заев.
– Манастир е од исклучително духовно и културно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целата држава. Манастирските конаци се целосно обновени, а отворени се и можностите во рамките на програмата на Министерството за култура да се вклучи и поддршка за реставраторските работи на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, со цел да се заштитат вредните артефакти од 13 век. Продолжуваме да го негуваме нашето вредно културно, духовно и историско наследство – напиша на Фб, градоначалникот Илија Јованоски.