Фудбал: Трета лига – Југ Локомотива од Градско е есенски првак

Попладнево беа одиграни мечевите од 13 коло на Третата лига – Југ, последното есенва. Од екипите што конкурираат за врвот, најмногу профитираше Локомотива од Градско, со триумфот од 2:0 во Лажани, против домашното Братство. Стрелци: Дарко Иванов во 7 и Аделин Ќазимов во 89 минута. Досегашниот лидер, Ново Црнилиште, изваде нерешено (1:1) во Неготино со Вардар. Гостите поведоа во 7 минута со голот на Ерџан Ибраимоски, а домашните израмнија преку Жарко Донев во 57 минута. Дербито Превалец – Напредок Крушеани го добија домашните со 1:0, со голот на Христијан јанкулоски во 75 минута, откако гостите во првото полувреме не искористија пенал.

Според фактите од табелата, напролет значителна предност пред останатите во борбата за првото место ќе имаат четири тима: Локомотива, Ново Црнилиште, Превалец и Напредок.

З.И.

LOKOMOTIVA

REZULTATI

TABELA

Loading