АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Лакомиот на дарови, во секого гледа дародавец.

x

Ѓаволот ни ора ни копа, ама успева да владее.

x

Доцна е да ги воспитувате децата кога веќе се однесуваат  како вас.

x

Не кревај постојано два прста за да не треба да ги кренеш и рацете.

x

Кога бродот тоне нема потреба да барате компас.

x

Бирократијата  е маќеа  на демократијата.

x

На сцената на животот се’ поприсутни се оние кои се подготвени за секакви сценарија.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading