ЗОШТО ФУНКЦИОНЕРИТЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИЈАВАТ ИМОТОТ?

– Корупцијата подразбира искористување на функцијата и службената должност за остварување на корист за себе или за друг

– Граѓаните имаат право да го знаат имотот на пратениците

– Државната комисија за спречување корупција има надлеженост да ги утврдува мерките за спречување на корупцијата во политиката и во вршењето на власта

Обврска да пријави имот има избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, службено лице при изборот, именувањето односно по вработувањето. Најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, вработувањето или стапување на должност, пополнува анкетен лист со детален попис на недвижниот имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство. Со анкетниот лист депонираат и заверена изјава кај нотар за откажување од заштита на банкарска тајна за сите сметки во домашни и странски банки.

Имаат обврска да пополнат анкетен лист во рок од 30 дена и по престанувањето на функцијата. Должни се да го пријават и секое зголемување на имотот, односно на имотот на член на семејството, како што е изградба на куќа или други објекти, купување на недвижности, хартии од вредност, автомобил или други подвижни предмети кои надминуваат 20 просечни плати остварени во стопанството во предходниот тримесечен период во државата.

Доколку молчат за имотната состојба им следуваат прекршочни пријави.

Податоците за имотната состојба на пратениците од минатиот Парламентарен состав се добиени од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Хари Локвенец од СДСМ, Кети Смилеска од СДСМ и Димитар Стевананџија од  ВМРО – ДПМНЕ не се повеќе на таа функција, додека Ане Лашкоска е реизбрана за пратеник. Во ДКСК фигурираат два анкетни листови од кои во вториот е наведена и промената на имотната состојба во 2020 година.

44aa

22

33

44

Loading