ЗРЕЛА, ПЛОДНА И НАУЧНА ВОЗРАСТ

60 години  Економски факултет

11

Со сите мерки за заштита Економскиот факултет одбележа 60 години од постоењето на оваа високообразовна институција. Од виша, висока економска школа, па до факултет, Факултетот прерасна во првата членка на битолскиот универзитет Свети Климент Охридски со значајни постигнувања во економската наука и продуцирањето кадри за стопанството.

Во духот на одбележување на јубилејот се презентира како отворена институција со воспоставени партнерства и соработка со повеќе високообразовни институции од земјата и од странство и стратегиска определба за натамошно ефикасно интегрирање во европскиот високообразовен простор.

Економскиот факултет денес, како високообразовна  институција со голем потенцијал на наставнички и научен кадар, е подготвена да се соочи со предизвиците на новото време. Новата визија на факултетот, како креативен и проактивен субјект, произлегува од разбирањето на идните движења, процеси и промени во економската и општествената средина.

jubilej-na-ekonomski-fakultet-prilep

За деканот Драгица Оџаклиеска, факултетот досега дал 7.385 диплонирани студенти,  магистрирале 448, а титула доктори на економски науки стекнаа 87 студенти. Најбитна е поврзаноста со стопанството.

-Шестдецениското искуство стекнато преку размената на знаења, контактите и соработката на факултетот претставува фундаментална придобивка за неговиот перспективен развој. Натамошната одржливост и развојните насоки на факултетот се во корелација со визионерските претпоставки за респектирање и прифаќање на достигнувањата во сферата на информациската технологија, усвојувањето нови знаења и нивна соодветна трансмисија во програмските содржини. Факултетот изгради цврсти партнерски односи и соработка со бизнис-заедницата. Тоа генерира позитивен синергетски ефект во доменот на трансферот на теоретските знаења во практиката и емпириските знаења во истражувачките активности и во едукацијата на студентите. Соработката со стопанството тече преку повеќе форми што опфаќаат понуда на консултантски и експертски услуги на деловните субјекти, реализација на заеднички научно-истражувачки проекти, организирање практична настава на студентите, организирање на стручни предавања од стопанството – рече Оџаклиеска.

Ректорот на Битолскиот универзитет Сашо Коруновски вели дека најстарата членка на Универзитетот веќе е во зрели години.

-Економскиот факултет останува генератор на знаења, несебично давајќи и збогатувајќи ја научната економска мисла преку интензивната образовна и истражувачка работа. Битното е што се изградени, се негуваат, се развиваат и продлабочуваат партнерските односи со бизнис-секторот – изјави рече Коруновски.

Screenshot 1

Според градоначалник Илија Јованоски, факултетот  е генератор на знаења, а стопанството да ги искористи преку студентите.

-Прилеп е горд на достигнувањата на Економскиот факултет кој е познат и признат во земјава и надвор од неа. Порано беа голем број студенти, но погрешните политики се почувствуваа. Се надевам дека наскоро ќе имаме голем број високостручните кадри кои ќе даваат за градот, за стопанството. На бизнис заедницата í порачувам повеќе да ги користи знаењата на студентите, идните економисти – порача Јованоски.

Screenshot 3Во чест на јубилејот, поставена е трајна, ретроспективна изложба од фотографии низ кои е отсликан шестдеценискиот развоен пат и актуелниот миг од дејствувањето на факултетот. Низ илустративно-документаристичкиот пристап претставена е развојноста и едукативната дејност, градирана низ шестдеценискиот развој и до денешната актуелна слика.

Посветеност кон студентите се обезбедува со финансиска поддршка од бизнис-заедницата, пред сè, компаниите и фирмите со кои факултетот има воспоставено долгогодишна соработка и традиционално негува добри односи. Менаџментот од факултетот оценува дека континуираното инвестирање во студентите благодарение на партнерството на академијата со институциите, фирмите и реалниот сектор дава конкретни резултати зашто во центарот на општествената кооперација се поставуваат најважните чинители – студентите. Посветеност на студентите се демонстрира и со доделување награда на најдобро дипломираниот студент, Катерина Шулеска, која ги заврши студиите во академската 2019/2020 година со просечна оценка 10. Студентите организираа натпревар за избор на најдобар есеј на тема: ,,Европската перспектива и предизвиците на младите дипломирани економисти во современата циркуларна економија,,.

studentka-20-10-2020

Loading