ДВА ТРИКА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Непријатните комарци кои предизвикуваат интензивно чешање, на местото на убодот и црвенило со мал оток, честопати знаат да бидат болни. За спас, извидниците, кои честопати престојуваат на отворено и живеат во хармонија со природата, советуваат проверени масти за заштита не само од комарците, туку и од крлежи и други опасни инсeкти.

Еден од триковите кои се користи е лимон со суви каранфилчиња. Се сече лимонот на половина, а потоа на секоја половина се боцкаат суви каранфилчиња. Приготвениот лимон се става крај креветот. Цитрусниот лимон заедно со мирисот на каранфилчето ги одбива комарците, но и мувите, мравките…, а собата ќе мириса пријатно.

За уживање во летната свежа ноќ на отворено, спас од комарците е мелено неварено кафе во пепелотресник или друг огноотпорен сад. Врз кафето се стават неколку зрна темјан и со мало парче хартија запалува, колку да се формира жар кој потоа чади. Чадот 100 отсто ќе ги избрка комарците и нема да досадуваат.

Loading