Боранијата е зеленчук од Мексико. Се користи насекаде во светот. Постојат голем број сорти кои се разликуваат по боја – жолта, зелена, виолетово-жолта, шарена, по должина – кратка, средна и долга, по облик – остра, тркалезна, широка и сплескана. Се користат свежите, млади мешунки со нецелосно неразвиени зрна. Предност имаат сочните и меснатите сорти без конци.
Боранијата се користи секогаш готвена или бланширана. Не се јаде сурова поради отровниот протеин фазин. Со готвење тој се разорува, но не и со сушење. Боранијата се додава на разни салати, чорби и динстани јадења.
Поради специфичниот состав, таа е одлична намирница за регулирање на шеќерот во крвта. Содржи неесенцијална аминокиселина, која делува слично на инсулинот и се снижува шеќерот во крвта и во урината. Аргининот предизвикува вазодилатација, што е услов за добра потенција. Оваа материја не се уништува со готвење. Затоа боранијата се препорачува на дијабетичари, како вариво. Содржи калиум кој делува како диуретик. Поволно влијае на срцето, го регулира крвниот притисок и помага во исфрлање на штетните материи и вишокот течности од организмот. Влијае врз намалување на мокрачната киселина и уреата во мокрачата. Се препорачува и на оние кои се мачат со гихт. Содржи икалциум, фосфор, магнезиум и железо. Затоа е полезна за анемичност, болести на забите и крварење од носот. Од витамините ги има провитамин А, Б1, Б2, ПП, Ц и Е. Препорачлива е при намален имунитет, настинки, грип, разни инфекции, екцеми и остеопороза.
Нема голема енергетска вредност. Слична е со другите зеленчуци.