ПОРОЈ ГО ПОГОДИ ПРИЛЕП

Screenshot 1Пороен дожд во средата попладнето го зафати Прилеп. Повеќето од улиците беа поплавени поради тесните грла на канализацијата и огромните врнежи за кусо време. Не се парализира сообраќајот, особено на крстосницата Чумовчани каде надојдената водата од кај Могилата се сливаше во овој дел на градот.

Screenshot 4Коритото на реката и каналите го примија поројот и не предизвикаа посериозни последици и поплави.

Од огромните количества дожд загрижени се тутунопроизводителите, бидејќи големиот воден талог веќе неповолно влијае на родот на тутунот. Screenshot 5Оваа култура, која живот значи за неколку десетина илјади семејства во прилепско, поради врнежите е доведена во ризична фаза на заразување со разни болести, тешкотии во сушењето и намалување на приносите.

Loading